Русија ќе продаде 100 милиони дози вакцина на Индија

by Fokus

Рускиот државен инвестициски фонд постигна договор за продажба на 100 милиони дози од руската вакцина против Ковид-19, Спутник-V, на фармацевтска компанија во Индија, изјави денеска извор запознаен со договорот.

Се очекува да следуваат клинички испитувања на руската вакцина во Индија, кои ќе бидат спроведени заедно со индиската фирма што ја купува вакцината, рекол изворот.

Испитувањата и договорите за набавка треба да бидат одобрени од индиските регулаторни тела. Рускиот државен инвестициски фонд веќе постигна договори за набавка на руската вакцини со Казахстан, Бразил и Мексико.

Претходно беше постигнат и договор за партнерство во производството на 300 милиони дози вакцина Спутник-В во Индија. Фондот ќе го објави името на компанијата подоцна денеска. Рускиот Спутник-V е првата регистрирана вакцина против корона вирус.

На 26 август Русија почна големи клинички испитувања, односно фаза три, со најмалку 40 илјади учесници, но испитувањата сè уште не се завршени.

Поврзани новости