Русија избрка пет хрватски дипломати

by fokus

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека протерува петмина од персоналот на хрватската амбасада во Москва како одговор на тоа што Загреб донел одлука да протера дел од персоналот.

Во април Хрватска побара од 24 претставници на руската амбасада да ја напуштат Хрватска поради нападите на Москва во Украина.

Руското Министерство за надворешни работи, исто така, соопшти дека на хрватскиот амбасадор Томислав Цар му бил врачен „одлучен протест поради неоснованите напори на властите на Хрватска да ја префрлат вината на Русија за воените злосторства во Украина и за хрватската помош на неонацистичкиот режим во Киев“.

„Како одговор на претходните непријателски чекори на Загреб за намалување на дипломатскиот персонал на руската амбасада, (на хрватскиот) амбасадор Томислав Цар му беше предадена на нота во која пет дипломати на хрватската амбасада во Москва се прогласуваат за персона се грата“, се вели во соопштението.

Поврзани новости