Руските власти денеска објавија дека со Украина размениле по 175 воени заробеници. Како што е соопштено, ѝ предале на Украина 22 тешко ранети украински затвореници, како што беше договорено ден претходно во телефонскиот разговор меѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп.
Руското Министерство за одбрана објави дека ѝ биле предадени 175 руски воени заробеници во замена за 175 Украинци, додавајќи дека предале „како гест на добра волја“ уште 22 Украинци кои биле „тешко ранети“. Тоа се вкупно 372 луѓе.
Путин во вторникот се согласи за прекин на огнот во енергетската инфраструктура на Украина, како и за размена на затвореници.
Русија и Украина разменија стотици затвореници од почетокот на руската офанзива во февруари 2022 година и редовно ги разменуваат останките на загинатите војници во борбите.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски веќе предложи размена на сите воени заробеници со Русија како чекор кон ставање крај на конфликтот.