Русија ги означи САД и Чешка за „непријателски земји“

by fokus

Руската влада формално ги означи Чешка и САД како „непријателски земји“.

Според официјалниот портал за правни информации, двете земји биле на списокот на оние кои „извршиле непријателски дејствија против Русија“ и против нив ќе бидат преземени мерки – американската Амбасада во Москва повеќе нема да може да вработува лица од локално население, додека бројот на вработени локални работници во чешката Амбасада ќе биде ограничен на 19.

Рускиот претседател Владимир Путин минатиот месец потпиша закон со кој се ограничува бројот на локални жители кои може да работат во странски дипломатски мисии и други служби и и нареди на владата да состави список на „непријателски“ земји за кои ќе се применуваат мерките.

Поврзани новости