Заев: Постои можност СЈО да стане посебно одделение во ЈО

by Фокус

Постојат неколку опции како да му се овозможи на Специјалното јавно обвинителство за си ја заврши својата работа, изјави денеска премиерот Зоран Заев, коментирајќи го завршувањето на рокот што го има СЈО за отворање истраги и за поднесување обвиненија до судот.

-Постои можност собранието со двотретинско мнозинство да го измени законот, постои можност Уставниот суд да го укине делот од законот што поставува рок за обвиненија на СЈО, но постои и можност СЈО да биде инкорпорирано како посебно одделение во регуларното јавно обвинителство – истакна Заев.

Тој додаде дека законот мора да важи подеднакво за сите, бeз разлика на политичката, етничката и друга припадност.

Поврзани новости