На Атанасовски му се заканува затворска казна од најмалку четири години

by fokus

Кривичното дело кое му се става на товар на екс шефот на тајната полиција, Владимир Атанасовски, е  „здружување заради непријателска дејност“, информираа од таму.

За ова дело му се заканува затворска казна од најмалку четири години.

„Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција вечерва донесе Наредба за спроведување на истражна постапка за  едно лице. Постои основано сомнение  дека лицето сторило кривично дело Здружување заради непријателска дејност од чл. 324 ст.1  од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.

Атанасовски беше синоќа уапсен и однесен на сослушување кај судија на претходна постапка. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.​

Неговиот притвор доаѓа по сведочењето на браќата Стефан и Михаил Младеновски, кои давајќи ја својата одбрана, како обвинети за „27 април“, како еден од организаторите на упадот во Собранието го посочија Атанасовски.

Поврзани новости