Во организација на Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата денеска на кејот на Вардар во Скопје се одржа трка во рамки на одбележување на 70-годишнината од НАТО. На трката учествуваа вкупно 270 учесници кои трчаа три и пет километри.
Трката ја отвори шефот на Канцеларијата за врски на НАТО Зоран Јанковиќ, а трчаа и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, началникот на Генераштабот Васко Ѓурчиновски, евроамбасадорот Самуел Жбогар, како и претставници на военодипломатскиот кор.
-Денеска и симболично покажавме дека сите овие години трчавме кон нашата заедничка цел, а тоа е НАТО членството и таа трка за жал беше потешка од денешнава, и од трите и од петте километри. Таа траеше подолго време и бараше многу напори и одрекувања“, рече Шекеринска.
Фотографиите се објавени на фејсбук профилот на министерката Радмила Шекеринска