РСЕ: ВМРО-ДПМНЕ исплатила нови 240.000 долари на американска консултантска компaнија за лобирање

by Fokus 22:16
22:16

ВМРО-ДПМНЕ исплатила нови 240.000 долари на американската консултантска компанија Дашл Груп, се наведува во нивниот извештај објавен на регистрационото биро Фара на 28 април, објави Радио Слободна Европа.

Според информациите на медиумот, извештајот се однесува на шестмесечниот период од 1 октомври 2016 до 31 март 2017 година. Во него се наведуваат услуги кои компанијата ги вршела за македонската политичка партија, најмногу во периодот пред и по изборите во земјава што се одржаа на 11 декември лани.

- Advertisements -

Во делот активности пишува дека „за ВМРО-ДПМНЕ, Дашл груп обезбедувале стратегиски консултантски услуги во врска со политики и политички прашања пред владата на САД, застапувајќи ги интересите на ВМРО-ДПМНЕ“.

 

Поврзани новости