Роза Топузова-Каревска исклучена од раководството на ЛДП

by Фокус

Централниот одбор на ЛДП вчера ја исклучило Роза Топузова-Каревска од органите на партијата и таа повеќе не е потпретседател. Тоа значи дека пратеничката не е веќе член на Извршниот одбор, а најверојатно ќе биде исклучена и од Централниот одбор на наредниот конгрес на ЛДП.

Овој потег на партијата на Андреј Жерновски следува откако Топузова-Каревска не ја почитуваше одлуката на опозицијата да се бојкотира Собранието по овогодинешните избори. Статутот на ЛДП не дозволува целосно да се исклучи член на партијата.

Поврзани новости