„Ровер“ одложен, Бошкоски затворен

by Фокус

Судскиот процес „Ровер“ одново е одложен и сега наредната прилика судот ќе има на 9-ти мај. Иако процесот тапка во место, сепак директорот на затворот Идризово Живко Пејковски го користи како аргумент да не го ослободи Бошкоски од затвор.

Имено, казната на Бошкоски истекува во јуни, но со оглед на неговото добро поведение, директорот имаше право да потпише негово пуштање три месеци порано, или на почетокот на март. Тогаш Пејковски го искористи правото да не потпише оти за Бошкоски се водел друг процес, за ликвидацијата на Марјан Тушевски, познат како „Ровер“.

Со оглед дека „Ровер“ е заглавен, а судијата во предметот кажа дека не е неопходно Бошкоски да биде во притвор, остана нејасно зошто Пејковски не го ослободува Бошкоски. Или пак е сосема јасно?

Пејковски неодамна беше аболициран од Иванов, но не се знае за кое дело и во кој предмет. Но станува јасно дека Пејковски одработува за власта. Исто како во случајот со Бошкоски.

Поврзани новости