Рот: ЕУ на Западен Балкан си пука сама во нога

by Fokus

Доколку Европската унија (ЕУ) остави вакуум на Западен Балкан, тогаш и други сили, што не ги делат демократските вредности на Унијата, ќе влезат во тој вакуум, изјави државниот секретар за Европа во германското Министерство за надворешни работи, Михаел Рот.

Тој изрази разочарување што немало напредок во интеграцијата на земјите од Западен Балкан за време на претседателството на Германија со Европската унија во изминатите шест месеци.

„Итно ни требаат позитивни сигнали за Западен Балкан. Во прашање не е ништо помалку од нашиот кредибилитет”, изјави Рот за Ханделсблат.

„Мора да го истуркаме тоа. Мирот, регионалното помирување и демократијата на Западен Балкан се од централно стратешко значење за цела Европа, особено за непосредното соседство”, рече германскиот официјален претставник.

Ханделсблат додава дека сили како Русија, Кина и Турција се заинтересирани за регионот.

„Ако ЕУ остави вакуум на Западен Балкан, тогаш други сили, кои не ги делат демократските вредности на ЕУ, ќе влезат во тој вакуум од геостратешки причини … Ние се пукаме сами во коленото“, рече Рот.

Поврзани новости