Росица Мршиќ: Огледало на своите дизајнерски дела!

by Фокус 12:15
12:15

Дама која едноставно плени со својата елеганција и урбан изглед. Храбра и одлучна, оригинална и авангардна во исто време. Секогаш  полна со идеи, кои ѝ помагаат за реализирањето на нејзините модни соништа. Се образовала во Холандија и во САД.

Работи со полна пареа од Македонија, а својот моден свет го споделува со сите што се  подготвени да уживаат во безвременската рамка на нејзините парчиња.

- Advertisements -

Шармантната модна дизајнерка Росица Мршиќ ја споделуваше со нас предновогодишната магија, која се чувствува од секој агол во Скопје Сити МолФОКУС: Урбана девојка која зборува преку своите колекции. Имате бренд кој е препознатлив. Имаме впечаток дека секое ваше парче е ваш одраз. Дали во вашите модели  го вклопивте вашиот карактер?

МРШИЌ: Неизбежно е дизајнерот да се огледува во своето дело на начин што во него внесува идеја, став, мисла, па така крајниот резултат станува препознатлив знак на авторот.

ФОКУС: Наместо модно ателје на многу места, се одлучивте вашите колекции да бидат достапни на интернет, преку вашата онлајн-продавница. Што ве натера да се одлучите на овој чекор, дали можеби беше пресудно  влијанието што го има интернетот како медиум, кој најбрзо спојува?

МРШИЌ: Покрај достапноста на колекциите во моето студио, продажбата преку интернет овозможува зголемување на продажбата, визибилноста и свесноста за брендот, така што производите се нудат на голем број клиенти во исто време глобално.Во Скопје Сити Мол, во концептуалната продавница Лотус Дизајн може да ги пронајдете и нејзините модни парчиња. Заедно со Росица ги побаравме и ние, подготвени да ја пробаме нивната модна порака.

ФОКУС: Генерално, во вашите колекции, барем во тие што ни се достапни во земјава, се обраќате на женската популација.  Никогаш не посакавте да имате креации за мажи?

МРШИЌ: Женската облека е поблагодарна за експериментирање со форми и бои, што е главна карактеристика на моите креации и затоа е предмет на мојот интерес.

ФОКУС: Во каква атмосфера креирате? Дали ви е важна музиката, опкружувањето или нешто сосема трето кога создавате?

МРШИЌ: По многу колекции и години создавање модни колекции, успевам да се прилагодувам на сите услови и временски рамки. Постојано ги држам своите мисли и очи будни за нови предизвици и инспирации. Дизајнирам секаде и го користам секој слободен момент.

ФОКУС: Кој моден дизајнер е ваш пример кој особено го цените?

МРШИЌ: Има многу модни дизајнери, чија работа длабоко ја почитувам. Ме привлекува работата на поединци во модата кои храбро носат нови бранови, интригираат, гласно коментираат преку сопствениот израз, влијаат врз прекршување одредени воспоставени норми и правила на изразување.Нејзиниот моден шарм ја освои и светската модна сцена.Нејзиното име е нејзиниот бренд. Своето образование го градела на Факултетот за визуелна уметност и дизајн во Утрехт, Холандија, како и на Школата при Уметничкиот институт во Чикаго, САД. 

ФОКУС: Се образовавте во Утрех, во Холандија и во Чикаго. Кои нешта од образованието беа алатката која често ви помагаше при создавањето на вашиот бренд?

МРШИЌ: Образованието е клучно за секој почеток. Различните пристапи на градење однос кон естетиката и учење вештини и техники од различни школи е одлична основа за создавање впечатливи колекции за развој на моден бренд.

ФОКУС: Зошто ги избравте овие места ? Вообичаено тие што сакаат да се образоваат за мода од Македонија избираат меѓу Италија и Франција. Ви одлучивте нешто сосем различно.

МРШИЌ: Холандија е позната по својот современ, авангарден и храбар дизајн, додека Америка нуди новина преку релаксиран и применет израз. Италија сѐ уште негува традиционална и конвенционална естетика. Мене ме привлекува тоа што е ново и различно, ги сакам смелите решенија, тие што им пркосат на перцепцијата и на очекувањата.ФОКУС: И покрај тоа што се образовавте во странство, се одлучивте да се вратите назад. Создавате од Македонија, иако често сте светски патник на различни релации. Што беше пресудно да се вратите тука?

МРШИЌ: Комбинирањето знаење и искуство во модата од други земји со сопствениот стил и естетика дава успешен производ што може да се имплементира на домашен терен и да се пласира во странство.

ФОКУС: Постои разлика меѓу модата, трендовите во Америка и Европа. Каде полесно се вклопувавте? Која модна приказна полесно ја распознававте, посебно додека течеше вашето образование надвор од Македонија?

МРШИЌ: Модата не постои сама за себе, таа е рефлексија на општествените услови, менталитет, географска определба… Холандскиот, англискиот и американскиот дизајн, со своите чисти линии, минимализам и иновативност се поблиски до карактеристиките на 21 век и затоа тие се мој постојан интерес и предмет на истражување

ФОКУС: Сите ние уште како деца имаме одредени соништа, визии за она што сакаме да станеме кога ќе пораснеме. Кој беше вашиот детски сон, дали тој се поклопи со реалноста што ја живеете?

МРШИЌ: Отсекогаш ме привлекуваше преку игра со форми да создавам нови облици. Задоволна сум што успеав детската фантазија да ја претворам во сопствена модна приказна.Магијата со која се заокружуваат последните денови од 2014 се чувства од секој агол во Скопје Сити Мол. Насмеани лица кои уживаат во радостите на шопингот нѐ опкружуваа, додека новогодишните украси во трговскиот даваат посебен сјај. Празничната атмосфера во Скопје Сити Мол дише од секој агол, од насмеаните поларни мечиња, до снешковци кои ве поздравуваат.

ФОКУС: Кои се парчињата кои мора да се поседуваат на влезот од следната 2015?

МРШИЌ: Парчиња облека кои нѐ обележуваат какви што сме и во кои се чуствуваме свои.

ФОКУС: Каков ќе биде изгледот на Росица за празничните денови што ќе следат?

МРШИЌ: Природно ми е да се облекувам во склад со сопствените потреби за определен момент и место, а вообичаено практикувам изглед, кој е релаксиран и удобен. Не сметам дека само празниците се време кога треба да посветиме внимание на себеси. Изгледот и стилот е став, тој треба да се негува постојано.

ФОКУС: Каква е вашата претстава за елеганција? Кој, според вас, може да се каже дека е таков?

МРШИЌ: Елеганцијата е составен дел на личноста, таа се поседува и се препознава.ФОКУС: Велат облеката го прави човекот. Се согласувате?

МРШИЌ: Дефинитивно. Што носиме и како го носиме, е тоа што сме ние самите. Изборот на облеката зборува кои сме, што сакаме, како размислуваме, го искажува нашиот однос кон средината, а и кон самите себе. Преку изборот на парчиња облека, нивното комбинирање и дополнување со додатоци го одредуваме нашето изразување кон животот, околината и другите луѓе, и на тој начин ја предизвикуваме нивната перцепција за нашата личност.

ФОКУС: Која јавна личност од Македонија ги задоволува критериумите на модно освестен лик, па низ своите појави на настани вклучува концепт на облекување, преку кој ни испраќа порака за себе?

МРШИЌ: Никогаш не сум сакала да набројувам, одвојувам, истакнувам или, пак, да коментирам за стилот на јавните личности. Мојата професија се занимава со креирање одреден изглед, стил и имиџ. Мене лично ме засега финалното решение – колекцијата, од што се содржи, како е реализирана, каква порака праќа до купувачот и каде се позиционира на пазарот.

Мојот став за сопствениот стил е дефиниран, што значи дека сум љубител на одреден стил на изразување. Но, тоа не значи дека не сум почитувач и на поинакви модни изразувања. Ме радува што некои јавни личности на македонската сцена градат и развиваат свој индивидуален изглед.Росица беше дел од рангирањето за најдобар меѓународен дизајнер на изборот Интернационални бугарски модни награди EIRENE 2013. Таа ја освои наградата за најдобар дизајнер за регионот на Европа и Русија. Овој процес на рангирање беше надополнет со финалното гласање по кое Мршиќ стаса до одличното петто место меѓу девет светски финалисти.

Овој избор ѝ ја донесе специјалната награда за најголем број гласови од обожавателите на Фејсбук. Светската модна сцена се запозна со работата на Росица Мршиќ. Таа и претходно работеше или продаваше свои производи во Виена, Цирих, Софија, Дубаи, Бангкок…

ФОКУС: Како го доживеавте Бангкок и дали таму пронајдовте нов моден предизвик?

МРШИЌ: Азија претставува сето она што му недостасува на западниот свет – хармонија, духовност, емотивна складност и едноставност. Егзотичната средина во комбинација со префинетоста и смиреноста во изразувањето, тоа ѝ дава на азиската мода привлечност, таинственост и посебност.

ФОКУС: Имате многу признанија во вашите раце. Колку тие го олеснуваат успехот за препознатливост на брендот?

МРШИЌ: Наградите се формални и официјални признанија за постигнатите резултати и секако дека придонесуваат за развојот на брендот. Нивното значење е големо колку што е задоволството од задоволни клиенти и поддржувачи на дизајнерскиот израз на Росица Мршиќ.ФОКУС: Лесно ли е да се работи во Македонија? Имаме впечаток дека овој пазар повеќе ја негува униформата од индивидуалниот концепт. Зар не е тоа тежок избор за модните дизајнери кај нас? Може ли да се живее од моден бизнис тука?

МРШИЌ: Условите за работа на мали пазари се изразуваат како ограниченост на можноста за непречено снабдување на потребните материјали за работа и на побарувачката лимитирана со куповната моќ на населението. Но, секогаш постои одреден број купувачи кои ја преферираат дизајнираната – внимателно создадена облека, која во себе носи идеја и одреден потпис, во однос на конфекциската и од тие причини се приклонуваат кон производите на домашните модни дизајнери.ФОКУС: Како вие ја доживувате модата? Што е мода за Росица?

МРШИЌ: Модата за мене е уметност, потреба, искажување на ставови, мисли и сознанија. Создавање форма, која го почитува телото. Креирајќи парчиња кои зборуваат со јазикот на естетиката – форма, боја, пропорција и текстура и постојано навраќајќи се за инспирација кон уметнички движења од различни периоди, се обраќам на љубителите на мода кои имаат истанчен вкус и љубопитна перцепција.

ФОКУС: Со кои материјали најчесто сакате да работите?

МРШИЌ: Важно ми е материјалите да се природни, карактерни, да овозможуваат постигнување архитектонско градење на силуетата и особено да се пријатни за носење.Во текот на нашата прошетка низ Скопје Сити Мол откривме дека Росица не е љубител на кафе. Но, сепак има работи кои и претставуваат вистинско уживање додека се дружи со своите пријатели.

ФОКУС: Каква е Росица надвор од професионалните ангажмани? Што ве релаксира? Што ве нервира? Како ги полните батериите?

МРШИЌ: Во последно време, поради зголемениот број обврски и проекти, речиси и да немам можност за вистинска релаксација. Брзото темпо на живеење и работење условува постојано да бидам во движење и подготвена за реализација на обврските. Успевам да земам дел од викендот за да ги наполнам батериите, поминувајќи време со сопругот, семејството и со пријателите. Надвор од професионалните обврски сум релаксирана, уживам во едноставни работи, сакам да гледа квалитетни филмови и да читам списанија и книги. А најмногу ме привлекуваат патувањата и природата.

ФОКУС: Кој е вашиот предизвик за 2015?

МРШИЌ: Како и секогаш – квалитетна реализација на нови идеи и замисли.

Ние искрено ќе посакаме Дедо Мраз да ги исполни желбите на оваа амбициозна девојка, која денес беше фино друштво во празничниот амбиент низ Скопје Сити Мол.

Поврзани новости