Роналдо се прости од Реал: Долго размислував и се надевам дека луѓето ќе ја разберат мојата одлука

by fokus

Кристијано Роналдо и дефинитивно го напуша Реал Мадрид и преминува во италијански Јувентус. Тој попладнево објави проштално писмо до навивачите на Реал.

-Годините минати во Реал Мадрид и Мадрид беа најдобрите во мојата кариера. Чувствувам само благодарност до сите структури во клубот. Можам само да кажам едно големо благодарам за навивачите и сите кои овозможија мојот престој во Мадрид да биде перфектен. Време беше да свртам нова страница во мојот живот и затоа побарав клубот да ме продаде. Играв со прекрасни соиграчи и ја чувствував поддршката од неверојатната публика. Мадрид ми го освои срцето мене и на моите најблиски и сакам да им се заблагодарам на претседателот, соиграчите и навивачите. Долго размислував и се надевам дека луѓето ќе ја разберат мојата одлука. Реал Мадрид секогаш ќе биде мој клуб и неговиот дрес како моја втора кожа, напиша Роналдо.

Инаку, Реал Мадрид му постави услов на Роналдо дека доколку сака понудата на Јувентус да биде прифатена, тогаш тој да каже дека тој побарал да клубот да го продаде.

Поврзани новости