Ромската интерпарламентарна организација изрази сочувство за смртта на Амди Бајрам

by fokus

Претседателот на Ромската интерпарламентарна организација Срџан Шајн денеска изрази сочувство за смртта на лидерот на Сојузот на Роми, Амди Бајрам, кој почина денеска на 64-годишна возраст.

-Ромската интерпарламентарна организација (РИПО) изразува најдлабоко жалење, бидејќи загуби свој истакнат член и еден од основачите, се наведува во изјавата на Шајн.
Се нагласува дека Амди Бајрам дал голем придонес за вклучувањето на Ромите во демократските процеси на одлучување во Северна Македонија, но и на меѓународен план и се додава дека неговата смрт е голема загуба за меѓународното Ромско движење.
-Потсетуваме дека Амди Бајрам еден од основачите на РИПО беше првиот претседател на Собранието на оваа организација, во која членуваат Ромите избрани во националните и регионалните парламенти во Европската Унија, се наведува во изјавата на Срџан Шајн, претседателот на Ромската интерпарламентарна организација, со седиште во Виена.

Поврзани новости