Ромни: Републиканците ќе го поддржат Трамп во 2024 година, доколку се кандидира

by fokus

Републиканскиот сенатор Мит Ромни верува дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп лесно ќе ја добие номинацијата на Републиканската партија за претседател на САД, доколку се кандидира повторно за влез во Белата куќа во 2024 година.

Во интервју за Њујорк Тајмс, Ромни рече дека е убеден дека Трамп ќе има улога во Републиканската партија во наредните години и додаде дека поранешниот претседател на САД има „убедливо најголем глас и големо влијание“ во партијата.

– Не знам дали ќе се кандидира во 2024 година или не. Но, ако се кандидира, јас сум прилично сигурен дека ќе добие номинација, рече Ромни.

Тој истакна дека многу може да се случи до 2024 година, но посочи дека анкетите на јавното мислење покажуваат дека републиканските гласачи сепак претежно го фаворизираат поранешниот претседател, пренесува Политико.

Поврзани новости