Ромите на протест по рушењето на населбата под Кале

by fokus

Околу стотина граѓани кои останаа без домови, откако Град Скопје им ги сруши импровизираните куќи под Кале, денеска излегоа на протест.

Жителите од оваа населба велат дека по втор пат остануваат под отворено небо. Во февруари годинава тие протестираа пред Владата против рушењето на нивните импровизирани куќи. Тие повторно бараат помош од институциите, бидејќи како што велат, немаат каде да одат.

Од Град Скопје велат дека неколку пати ги предупредувале  жителите да ја напуштат оваа локација, бидејќи нивното засолниште било нелегално. Градоначалникот Коце Трајановски пак, убедуваше дека луѓето од ромската заедница привремено се сместиле таму, бидејќи според него, тие живеат и на други места.

Поврзани новости