Романскиот патријарх Даниел изрази сочувство за настраданите во Кочани

by Fokus

Романскиот патријарх Даниел упати порака со сочувство за загинатите во пожарот во Кочани. Во пораката упатена до поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан, патријархот Даниел се моли за упокојување на починатите, за исцелување на повредените и за утеха на ужалените семејства.

– Со длабока тага дознавме за трагичниот настан што се случи утрото во неделата, 16 март, во градот Кочани, Северна Македонија, во кој животот го загубија повеќе од 50 лица, а повеќе од 100 беа повредени. Во овие моменти на тага за народот на Северна Македонија, го молиме Семилостивиот Бог да ги упокои во својот мир душите на загинатите во овој трагичен настан и да им даде брзо исцелување на повредените, а утеха на ужалените семејства, во светлината на Воскресението Христово. Со братска љубов во нашиот Господ Исус Христос, се неведува во пораката на романскиот патријарх Даниел.

Поврзани новости