„РОМА СOС“: Да се забрани брак за малолетници во Македонија

by fokus

Невладината организација „РОМА С.О.С.“ од Прилеп денеска побара итна измена на законската регулатива со што ќе се забрани склучување брачни заедници на млади момчиња и девојки, пред да наполнат 18 години.

-Иако има законски рамка во државата, децата не се  доволно заштитени. Лице коешто наполнило 16, а не 18 години може да склучи брак. Ова секако врз основа на претходно одобрување од социјалните работници, за тоа дали лицето психички и физички е способно да стапи во брак. Практично, секој оној кој поднел барање за склучување брак пред 18 години, добил и одобрение. Мора да ги запреме браковите меѓу деца“, изјави Цветанка Иванова, правен консултант на невладинната организација „РОМА СОС“.

Денеска организацијата организираше каде во присуство на претставници на многу државни институции беше истакнато ова барање.

Поврзани новости