Роковите се кратат: Нема веќе увоз на стари и евтини возила

by Фокус

Повеќе нема да може да се увезуваат евтини стари возила. Роковоте за увоз на овие возила се кратат. Од први јули следната година ќе може да се увезуваат само автомобили со ЕУРО 4 стандарди. Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев оваа одлука ја оправда со тоа дека “ќе дојде до обнова на возниот парк на повисоко ниво“. Како пример, Ѓоргиев посочи дека порано се возеле Југо, Застава 101, Фиат 1300, а сега се возат Опел, БМВ, Мерцедес, Алфа Ромео…

„Со новите одлуки и измената на правилникот во Министерството за економија кој ја регулира оваа дејност и кој е стапен во сила, се воспостави можност увозот на автомобилите со ЕУРО 2 стандард да може да се врши наместо до февруари 2016 година кој беше стар рок, најдоцна до 31 декември 2014 година кој е нов рок, и во кој би се завршиле оние постапки за увоз на ваков вид на автомобили кои се веќе започнати. Динамиката налага пак возилата со ЕУРО 3 стандард на моторот да може се увезуваат најдоцна до 30 јуни 2015 година, а од 1 јули 2015 година увозот на автомобили ќе биде можен само доколку истите ја исполнуваат минималната норма ЕУРО 4 стандард на моторот. Целта е на овој начин и со оваа динамика постепено, но и во побрз рок, да дојде до повторна обнова на возниот парк на едно повисоко ниво“, рече Ѓорѓиев.

Поврзани новости