Рокот за медиумите е до денеска, договор нема

by Фокус

Според Договорот од Пржино, партиите до денеска треба да ги прецизираат сите измени што се однесуваат до медиумите за спроведување на фер и демократски избори. Сепак, како што пишува ПлусИнфо, рокот е пролонгиран за една недела.

Откако се видело дека партиите не може да ги усогласат ставовите по ниту една точка, а ВМРО-ДПМНЕ дури на денешната средба на работната група треба да даде свои предлози, белгискиот посредник во процесот Питер ван Хауте рекол дека најдоцна до петок наредната недела треба да бидат изгласани измените на Законот за аудио и аудио-визуелни медиуми и Законот за медиуми.

На вчерашните преговори тема биле реформите во МРТ, а главен предлог било таа да се финансира од Буџетот, а да се укине радиодифузната такса. Се разговарало и за промена на начинот на кој ќе се избира директорот.

Поврзани новости