Рока: Пандемијата може да доведе до социјални немири, глад и хуманитарна криза

by fokus

Претседателот на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Франческо Рока, ги повика владите да почнат да размислуваат за нешто слично на Маршаловиот план, кој им помогна на земјите да закрепнат после Втората светска војна.

Рока, кој е на чело на најголемата хуманитарна организација во светот која работи во 192 држави, е уверен дека на тој начин би им се помогнало на државите да се изборат со последиците од пандемијата на корона вирусот.

Тој предупреди дека кризата предизвикана од корона вирусот би можела да доведе до социјални немири, глад и хуманитарна криза и додаде дека Ковид-19 ќе има „големо општествено влијание во секој дел од светот“.

– Мораме заедно со институциите да го планираме општествениот одговор пред да биде предоцна, истакна Рока.

Поврзани новости