Рохани: САД не се осмелува да го нападне Иран

by fokus

Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска изјави дека неговата земја мора да ја развие својата армија за да ги спречи другите земји да ја заземат нејзината територија и ресурси.

– Мораме да бидеме подготвени да се бориме против воените сили кои сакаат да ја заземат нашата територија и ресурси, рече тој во говор по повод Националниот ден на воената индустрија.

– САД не се осмелуваат да го нападнат Иран, бидејќи се свесни за воената моќ на Исламската Република и високата цена за таков конфликт, нагласи Рохани.

– Зошто САД не не нападнат? Поради нашата моќ, бидејќи се свесни за последиците, рече Рохани.

Поврзани новости