Родителите на загинатите дечиња во Велес се сомневаат дека пожарот е подметнат

by fokus

Марина Антониевска и Никола Давчевски, родители на трите дечиња кои изгореа завчера во семејната куќа во Велес, се сомневаат дека пожарот бил подметнат. Обвинителството го истражува случајот, а од велешката полицијата велат дека има траги кои допрва треба да се анализираат.

Додека трае истрагата, родителите се уште не можат да се освестат од трагичниот настан кој ја покри со тага цела македонска јавност. Три од нивните четири деца изгореа во пожар, кој ја зафатил куќата додека тие биле во продавница да пазаруваат храна за нив.

„Све изгубив, три дечиња изгубив, нема надеж повеќе за нас. Сега сме на улица, а три деца во гроб“, вели таткото Никола Давчевски низ солзи за ТВ24.

Тој објаснува дека многу пати барал помош од државата. Семејството не можело да врзе крај со крај, преживувале од собирање пластични шишиња и од малата социјална помош која ја добивале. Лути се на државата и велат дека сета помош сега е бесцелна.

„Немав ниту струја ниту вода, барав помош и од општина и од социјално, ми помогнаа со две илјади денари. Сето ова со жената сме го направиле и сега после четири години се ни се уништи“, вели  Никола Давчевски за ТВ 24.

Семејството сега не знае каде ќе живее. И она што го имале пожарот им го однесе. Минатата ноќ ја поминале во противпожарната служба.

Поврзани новости