Родителите кои протестираа до Царовска: Градите чатија која ќе ви се сруши врз глава

by fokus

Министерке, овој народ не е политичка структура. Децата ни се пред се. Оставете го детето да биде дете, а не експеримент.

Ова го порача организаторката на маршот против дигитализирање на учебниците, Драгана Спасевска.

Притоа, таа рече да не се политизира протестот и децата да се остават на мира.

,,Родителите за вас се ништо, ама за децата сме се. Не сте повикале ниту еден родителски совет. Кој не праша нас? Го турнавте столбот на образованието, ама градите чатија која ќе ви се сруши врз глава. Оваа родителска сила го крева својот глас. Нас ни е доста од проблемите со кои се раѓаат нашите деца. Детството е едно и нема да им го одземете. Овде сме мајки, татковци. Тргнете ги вашите раце од нашите деца. Барем малку мислете на децата. За децата ќе сториме се”, истакна Спасевска.

Јорданчо Цветаноски

Поврзани новости