Родителите бараат отказ од директорот на прилепската гимназија

by fokus

Родители на учениците од прилепската гимназија „Мирце Ачев” денеска протестираа во дворот на училиштето, револтирани поради вчерашниот политички говор на директорот Кире Николоски кој ги тераше децата да одат на протестите против албанската реформа.

-Бараме одговорност, оставка од директорот, бараме Државниот просветен инспекторат да преземе мерки, да го испита случајот, директорот да одговара пред законот. Не смее да се дозволи прилепската гимназија, која што со генерации е гордост на учениците, да го допре дното- порачаа родителите.

Директорот Кире Николоски е истакнат член на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп. Неговиот „патриотски говор” во школото, го снимија гимназијалците и го објавија на социјалните мрежи. „Како не ви е срам директоре во училиште да ни држите политички говор!” – му порачаа учениците и си заминаа од школото.

Поврзани новости