Родители на момчињата убиени кај Смилковско езеро изреволтирани од одлуката на Врховен суд

by fokus

Револт кај родителите на момчињата кои беа застрелани кај Смилковско езеро во 2012 година по одлуката на Врховниот суд да ја укине пресудата во предметот „Монструм“ и да го врати судењето во првостепениот суд на повторно одлучување.

Како што информираа од судот, ваквата одлука е донесена поради тоа што „фактичката состојба е погрешно и нецелосно утврдена, бидејќи пониските судови, теоријата на докажување ја засновале на искази кои биле контрадикторни“.

Дел од родителите не сакаат да ја коментираат судската одлука, само порачуваат дека случајот во кој тие ги загубија своите најмили, бил злоупотребуван за политички цели, објави Телевизија 24.

Од друга страна одбраната очекува ослободителни пресуди.

Од понеделник ќе се знае дали осудените ќе бидат пуштени да се бранат од слобода. Кривичниот суд, инаку, во 2014 година изрече доживотна казна за шестмина обвинети.

Поврзани новости