Рочиштето за „Насилство во Центар“ одложено за среда

by fokus

Судењето за предметот  „Насилство во општина Центар“ на Специјалното јавно обвинителство, е одложено за среда. Причина за одложувањето на денешното рочиште е неможноста на адвокатите на обвинетите да присуствуваат поради амгажмани на други судења во Кривичниот суд.

За насилствата пред општинската зграда во општина Центар на 10 јуни 2013 година, обвинети се повеќе лица, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски, екс министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, актуелната пратеничка во Собранието Даниела Рангелова и тогашниот советник во општина Гази Баба Александар Трајковски.

На минатото рочиште за „Насилство во Центар“ исказ пред судот даде поранешниот директор на ПОЦ и актуелен градоначалник на општина Центар Саша Богдановиќ.

Поврзани новости