Рочиште за незаконски набавениот софтверски систем за ЕЛЕМ

by fokus 08:12
08:12

На обвинителна клупа во Судот денеска ќе седне Дејан Бошковски, поранешниот генерален директор на АД „ЕЛЕМ“ и уште други две лица – обвинети во случајот на СЈО „Тарифа“.

Станува збор за обвинение за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија „Електрани на Македонија“ вреден околу четири милиони евра.

- Advertisements -

Според обвинението на СЈО, обвинетите ја злоупотребиле службената положба и овластување во постапка за јавна набавка на софтвер – „ЕРП Систем“.

Обвинетите со неизвршување на службената должност овозможиле правното лице – конзорциум, кое подоцна го добило тендерот да се квалификува во втората фаза на преговарање при јавната набавка, иако немало доставено комплетна документација.

Поврзани новости