Познат идентитетот на мажот чие тело беше вчера извлечено од Охридско езеро

by fokus

Вчера во 09.55 часот во водите на Охридското езеро помеѓу с.Подмоље, охридско, и место викано „Оровничка плажа“, на неколку метри од брегот, било забележано тело на непознато лице.

Телото било извадено од водите на езерото, бил извршен увид и било утврдено дека се работи за Б.Ј. (54) од с.Куратица, охридско. По наредба на Јавен обвинител, над телото на починатиот ќе се врши обдукција.

Поврзани новости