Ристовски: СЈО ќе продолжи со истраги од „бомбите“, гледаме дека има уште материјал за гонење

by fokus 08:55
08:55

Во нацрт верзија се законските измени кои предвидуваат вклучување на СЈО во Основното јавно обвинителство, со што Обвинителството на Катица Јанева ќе добие траен мандат, вели заменик министерот за правда, Оливер Ристовски, во интервју за „Независен“.

Со овие измени СЈО ќе добие и други надлежности за истражување на кривични дела од висока корупција и нема да биде ограничено на случаи кои произлегуваат од прислушувањето, вели Ристовски.

- Advertisements -

-СЈО ќе продолжи со истраги што произлегуваат од прислушуваните разговори бидејќи гледаме дека има уште материјал за гонење, но ќе работи и на случаи на корупција на високо ниво, односно корупција на функционери – додава тој.

Законските измени треба да бидат завршени до крајот на 2018 година. Ристовски посочува дека нема да се продолжува рокот на СЈО за покренување обвиненија, затоа што, вели, „илузорно е да се продолжува рок што престанал пред долг временски период.“

Министерството подготвува измени и во Законот за Советот на обвинители, во Законот за кривична постапка и во Кривичниот законик.

 

Поврзани новости