Ристовски: Ги најдовме сите злоупотреби на АКМИС системот

by fokus

Работната група на Министерството за правда ги пронашла сите злоупотреби во компјутерскиот систем за автоматска распределба на судските предмети (АКМИС) по двете контроли во Основниот суд Скопје 1, потврди за САКАМДАКАЖАМ.МК заменик-министерот за правда Оливер Ристовски.

„Најдени се сите злоупотреби во АКМИС-системот во Основниот суд Скопје 1 при распределбата на предметите кај судиите, работната група од Министерството за правда ја привршува работата“, вели Ристовски, кој ја води работната група, заедно со министерот Билен Саљији.

Тоа што е таму најдено е човек да се фати за глава, вели Ристовски, но апелира да се почека првин денеска, евентуално и уште во една контрола, работната група да ја заврши работата и да напише извештај. Извештајот ќе биде објавен јавно, со доказите кои ќе му бидат поднесени на редовното Јавно обвинителство.

Ристовски вели дека оваа е посебна истрага, по препорака на Рајнхард Прибе, кој нотираше дека постојат индиции за злоупотреба на АКМИС-системот.

Поврзани новости