Ристовска: Судските наредби во поголем дел веќе се извршени

by fokus 19:11
19:11

Одземањето на податоците од системот за следење на комуникациите веќе привршува, па во наредните час до два очекуваме да завршиме, изјави денеска специјалната обвинителка Ленче Ристовска пред МВР.

Таа истакна дека остануваат уште податоците за кои е потребна асистенција од претставникот на фирмата „Ериксон”, која го има направено системот за прислушување, а со која соработката им била беспрекорна.

- Advertisements -

-Штом ќе имаме информација кога експертот ќе пристигне, ќе се пристапи кон избршување на тој дел од судската наредба. Значајно е дека во поголем дел судските наредби кои ги имавме веќе се извршени. За останатиот дел, зависи од надворешниот експерт кој по неговото пристигнување, ќе успееме, се надеваам да ја заввршиме и во тој дел судската наредба-изјави Ристовска.

Во следните денови СЈО очекува да ги добие и тие податоци, со што ќе ги комплетира сите информации кои им се потребни за да истражат кој прислушувал и кој бил прислушуван.

 

Поврзани новости