Ристоска: Со пресудата за Грујевски, правдата излезе на виделина

by Fokus

Изразуваме задоволство од пресудата на Кривичниот суд, правдата излезе на виделина, изјави Ленче Ристоска од СЈО, откако Кривичниот суд ги прогласи за виновни седумте обвинети во предметот Тврдина 2, меѓу кои е и екс началникот на Петта управа, Горан Грујевски.

“Ваквата одлука е во рамки на нашите очекувања. Ние рековме дека имаме цврсти докази против обвинетите и судот тоа го потврди“ – рече Ристоска.

Во врска со тоа што судот ги прогласи за виновни и шесте службенички вработени во УБК, Ристовска посочи дека тоа испраќа порака дека службениците кои извршуваат наредби не смеат да бидат амнестирани

„Не може подредените да бидат изземени затоа што постапувале по наредба. Одговорност мора да има. Очекуваме осудителни пресуди и за другите случаи на СЈО – додаде Ристоска.

М.В.

Поврзани новости