Ристоска: СЈО сѐ уште постои!

by fokus

Обвинителската Ленче Ристоска пред денешното рочиште за случајот „Талир“ истакна дека во текот на денот СЈО ќе излезе со соопштение за дописот кој го добија од републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески за преземањето на предметите.

Таа истакна дека СЈО има мандат до 20 септември 2020 година, но се надева дека ќе се донесе Законот за јавното обвинителство, со што ќе се најде и излез од кризата.

-Многу пати апелиравме за важноста за носење на овој закон. СЈО сѐ уште постои, се уште функционираме. По Законот за СЈО, институцијата постои до 20 септември 2020 година, така што верувам дека ќе најдат начин. Јас се уште негувам надеж и верувам дека ќе се најде извесно законско решени, рече обвинителката Ристоска.

Поврзани новости