Ристоска: Преседан е што УБК одбива да спроведе судска наредба

by fokus

Преседан е што државна инситуција одбива да спроведе судска наредба, рече обвинителката Ленче Ристоска на денешната прес конференција на која откри со какви се пречки и опструкции се соочувал тимот обвинители од СЈО вчера во УБК.

Ристоска објасни дека СЈО обезбедило две судски наредби – едната се однесувала на одземање на службена документација, а другата била наредба за претрес на компјутерски податоци со кои, како што рече, ќе му се овозможи на обвинителството да утврди кои се телефонски броеви биле премет на прислушувањето од страна на УБК.

„Подолг период се убедувавме со УБК  дека треба да се спроведе судската наредба“, рече Ристоска откриваќи дека со опструкции се соочиле уште при обидот да влезат во зградата на УБК – им било посочено дека има посебни процедури за влегување, па се до моментот кога требало да пристапат во спроведување и на втората судска наредба која се однесува на претрес на комјутерскиот систем. Ристоска рече дека им било кажано дека не може да дојдат до системот поради отсуство на лицата што имаат пристап до комјутерскиот систем кои биле надвор од земјава.

„Зачудувачки е што нема никој во земјава да пристапи до системот, зашто и двете лица беа во странство“, додаде Ристоска.

Поврзани новости