Ристоска: Исказите на сведоците во „Тврдина 2“ се поклопуваат со нашето обвинение

by fokus 16:11
16:11

Исказите на сведоците одат во целост на она што е опфатено во обвинението. Сведоците беа претходно испитани во Специјалното јавно обвинителство и нивните искази денеска се потполно веродостојни со она што ние го имаме како податок, изјави обвинителката Ленче Ристоска по денешното рочиште во Кривичниот суд по предметот „Тврдина 2“ за уништување на опрема поврзана со системите за прислушување.

На првообвинетиот Горан Грујовски, поранешен началник на Петтата управа, му се судеше во отсуство. Тој и обвинетиот Никола Бошковски, се веќе два месеци во бегство.

- Advertising -

Ристоска се надева дека следното рочиште ќе биде последно и дека на следната расправа ќе се заврши судењето, по што ќе следат пресуди за обвинетите.

Таа денеска рече дека не е јасно зошто обвинетите ги менуваат исказите на судењата и посочи дека исказите на тројцата сведоци денеска одат во линија на обвинението на СЈО.

-Остана неразјаснето зошто пред СЈО обвинетата и други сведоци даваат поразлични искази од оние што подоцна ги даваат. Ќе видиме во текот на постапката дали ќе се дадат одговори на тие прашања – изјави специјалната обвинителка.

На денешната расправа обвинета во предметот рече дека не знаела на што се потпишува кога го ставила својот потпис како член на Комисија за уништување на документацијата, по што специјалните јавни обвинители реагираа дека во текот на предистражната постапка обвинетата дала поинаков исказ.

Денешното рочиште се одложи поради дополнување на доказната постапка.

Поврзани новости