Ристо Ајтов обвинува: Со тежок фалсификат извлечени се 550.000 денари од синдикалната сметка!

by fokus 12:42
12:42

Од сметката на Синдикатот на одбраната и безбедноста (СОБ) со фалсификувани документи и печат се извлечени 550.000 денари за само два дена, обвинува во изјава за „Фокус“ Ристо Ајтов, кој тврди дека е легален претседател на синдикатот избран на конгрес во декември лани, наспроти тврдењето на новоизбраниот синдикален лидер Оливер Стојановски, кој, пак, ваквите обвинувања ги оквалификува како „злонамерни и безочни лаги“ со тенденција да и се наштети на синдикалната организација и по секоја цена да се сочува местото на кое Ајтов бил зацементиран со години.

„Измислици се тоа. Оној кој бил на одредена позиција на секакви начини ќе се труди да остане на тоа место, иако ништо не сработил. Тоа е можно само во Македонија“, одговара Стојановски на обвинувањата, кој како што објави Иницијативниот одбор за спас на СОБ, бил прогласен за претседател минатата недела.

- Advertisements -

И Ајтов и Стојановски тврдат дека се легитимни синдикални лидери и дека вистината ќе ја докажат на суд. И двајцата се повикуваат на цврста документација, на Централниот регистар, на решение на Министерството за труд и социјала, кое според Законот за работни односи е надлежно за гранските синдикати.

Власта скроила план за уривање на синдикалниот лидер на одбраната?

admin-ajaxРисто Ајтов, кој во два мандата ја добива довербата на членството на СОБ во прилог на своите тврдења до „Фокус“ достави и обемна документација за сите активности, на како што вели, самопрогласениот Иницијативен одбор за спас на Синдикатот на одбраната и безбедноста, во обид да го урнат како синдикален лидер. Ајтов тврди дека планот за негово уривање е скроен од актуелната власт „веднаш по ланскиот конгрес на СОБ , кога бил реизбран.
– Група од дваесетина од речиси 2.400 членови на СОБ предводени од поранешен член на синдикатот (Оливер Стојановски) кој беше исклучен од синдикалната организација поради непочитување на статутарни одлуки со незаконска одлука на наводен конгрес на СОБ и без печат, поддржани од извесни претставници во Министерството за труд и социјална политика, без знаење на министерката извршиле злупотреби за кои ќе одговараат на суд. Сторените манипулации се потврдени и во Централниот регистер, но очекувам таму да ја исправат злоупотребата. Како може некој што не го почитува Статутот и кој е исклучен од синдикатот да биде избран за претседател –  прашува Ајтов.

14877188_10210917633201813_1888954397_n

СОБ со два печати: за првиот Ајтов тврди дека е фалсификуваниот

14825577_10210917634241839_1683407711_n

Злупотребите, како што објаснува, биле направени со документ (решение) од Министерството за труд и социјална политика со кое е потврдена промената во лидерската позиција на СОБ. Со тоа решение е направена промена и во Централниот регистер каде на местото на Ајтов, како претседател на СОБ

е регистриран Стојановски. Откако во Министерството за труд и социјална политика била откриена злупотребата, министерката Фросина Ременски потпишува друго решение со кое се поништува претходното.

„Нејасно е зошто Централниот регистер се уште не постапува по решението на министерката и не сака да ја внесе промената“, вели Ајтов.

Најавува дека на суд ќе биде откриена целата ујдурма на „самопрогласеното синдикално раководство“, кое освен со сомнежи за финасиски криминал го терети и  за упад во просториите на СОБ, во  минатата недела додека тој, како што вели, бил на службен пат во Брисел.

„Ќе поднесеме кривични пријави против сите лица и инситуции вмешани во незаконските активности на Иницијативниот одбор за наводен спас на СОБ. Најсeриозно е тоа што со лажна документација од сметката на СОБ во два наврати се извлечени 550.000 денари. Случајот е пријавен и во полиција, вели Ајтов.

arm-11

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Стојановски: Измислени приказни на неработник

Оливер Стојановски, пак, тврди дека поседува документ од Централниот регистер (тековна состојба во СОБ) според кој тој е претседател на синдикатот. Вели дека нема информации дали навистина е поништено решението од страна на министерката Ременски, но тврди дека наскоро ќе излезе на виделина вистината за оваа “нечесна игра“.

– Се што е направено откако сум јас претседател на СОБ е законски, статутарно и транспарентно. Во законска постапка синдикатот има нов печат, ние мора да работиме, утре може некој да не обвини дека не си ја вршиме работата. Се што е кажано од другата страна е клеветење – одговара Стојановски на нашето прашање дали во последните неколку дена се подигнати пари од синдикалната сметка.

За обвинувањата на Ајтов вели дека се „измислени приказни на некој кој цели два мандати не направил ништо за членството“:

– Нека одговори тој што го оспорува мојот легитимитет зошто мораше да свикува конгрес ноќе и да биде избиран тајно, како да стануваше збор за некаков си состанок на разузнавачки служби. Не може со паушлни тврдења да се погази волјата на членството. Откако јас го добив документот од Централниот регистер, свесен дека во случајов нема да може да се изврши примопредавање на претседателското место во СОБ, појдов во просториите на синдикатот за да известам за новата состојба. Се изненадив кога видов дека викнале полиција. Јас не упаднав во просторијата на СОБ, ниту пак имав такви намери“, тврди Стојановски за „Фокус“.

Ајтов, пак, е дециден дека со целокупната докуметација со која се потврдуваат, како што вели, злупотребите и фалсификуваниот избор на новиот лидер ќе ја докаже вистината наспроти опструкциите што му се прават во Централниот регистер, инситуцијата која одбива да постапи по последното решение на министерката Фросина Ременски со кое за ништовно се прогласува решението со кое Стојановски е регистриран за претседател на СОБ.

С.М.

Поврзани новости