Ристиќ: Не ви тече Вардар во дневна, па да си истурате што сакате!

by fokus

Вардар е денеска обоен во портокалово, а актерката Ирена Ристиќ, објави видео од каналот кој се влева во Вардар и од каде најверојатно доаѓа загадувањето што предизвика помор на риби.

Според информации на Ристиќ изворот на загадувањето доаѓа од поранешна Железара, поточно челичарницата Макстил. Град Скопје се уште ги истражува причините.

„Зошто е таков Вардар?!
Еве, гледајте!
Инспекцијата искочила на терен и наводно е од каналот (а каналот се наоѓа после мостот близнаци, на потегот према Долно Лисиче. Информациите се дека директно доаѓа од Макстил, поранешна Железара, вели мојот извор кој го направи видеово) Чекаме резултати од инспекциската работа!! Не ви тече Вардар у дневна па да си истурате шо сакате!!!“, пишува Ристиќ која бара казна за причинителот.

https://www.facebook.com/irena.ristic.779/videos/10157713301629726/

Поврзани новости