Рилковски: спорен е легитимитетот на ДИК

by Фокус 13:47
13:47

Претседателот на ДИК Рилковски смета дека сомнежите на Заев за легитимитетот на ДИК се оправдани, пренесува НОВА ТВ.

„Спорен е легитимитетот на ДИК. Државната изборна комисија својот мандат го заврши на 8 ноември така што до формирањето на новиот состав нашата улога е само техничка и ние не треба да се занимаваме со фундаментални прашања. Вчера дојде такво прашање, меѓутоа аргументите не држеа, бројките покажуваа дека средствата потребни за покривање на платите и пензиите итн. се покриени со тие 270 милиони евра и за тоа самиот министер истакна дека е задоволен. По неколку дена излезе дека се потребни дополнителни 100 милиони евра. Ако сето ова математички се пресмета, излегува дека сомнежот на Заев е оправдан. Јас бев за тоа, кога веќе сме доведени во ситуација да гласаме, да се прифати ветото на дополнителниот заменик министер за финансии Наумов, но мнозинството беше против тоа вето. За тоа. зошто така гласаа другите колеги немам коментар“, вели претседателот на комисијата Рилкоски.

- Advertisements -

Утрово лидерот на СДСМ Зоран Заев посочи дека одлуката на ДИК да не се прифати ветото за ново задолжување од Наумов е потенцијално кривично дело.

„Актуелниот состав на ДИК, чијшто законски мандат истече на 08.11.2015 година, на неполни 24 часа пред изборот на новиот состав, донесе политички диригирана одлука на штета на граѓаните. Не може правото на вето на дополнителниот заменик министер да биде почитувано кога се работи за задолжување на меѓународен план, а да не важи за задолжувањето кај домашните банки…потенцираме дека до следната аукција на државни хартии од вредност, закажана на 15.12.2015 година, доспеваат за враќање 61 милион евра. Тоа значи дека разликата од 39 милиони е потенцијална злоупотреба на средства за изборна корупција и изборни манипулации. Секоја банка треба да има во предвид дека над сумата од 61 милиони евра, всушност се финансира изборна корупција“, рече лидерот на СДСМ.

Поврзани новости