Рики Мартин обвинет за насилство, го малтретирал поранешното момче

by Fokus 20:40
20:40

Судот и полицијата во Порторико му наредија на Рики Мартин да се држи подалеку од својот поранешен партнер, откако неименувано лице пријавило во полиција дека Рики го вознемирува, соопшти полицијата.

Наредбата била потпишана во петокот, откако властите се обиделе да го пронајдат пејачот за да му ја достават наредбата, но не успеале.

Не е познато кој ја побарал забраната и не се објавени детали, бидејќи наредбата е поднесена според законот за семејно насилство во Порторико, кој бара целосна анонимност.

Весникот El Vocero пренесува дека во наредбата стои дека Мартин и другата страна биле во врска седум месеци пред да раскинат.

Во извештајот се наведува дел во кој тужителот тврди дека Мартин не ја прифатил разделбата и бил виден во близина на неговиот дом најмалку три пати по раскинувањето.

Наредбата му забранува на Мартин да стапи во контакт или да се јави со лицето што го тужеше, а судијата на рочиште ќе одлучи дали таа треба да остане во сила или да биде укината.

Поврзани новости