Рикер се сретна и со „независните“ од ВМРО-ДПМНЕ: Нашиот конструктивен пристап беше оценет како позитивен за демократијата

by fokus

В.д. помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер денеска се сретна и со независната пратеничка група која излезе од ВМРО-ДПМНЕ.

-Нашиот конструктивен пристап како опозициска пратеничка група беше оценет како позитивен за развој на демократијата во нашата држава. Разговаравме за актуелните теми и понатамошната интеграција во ЕУ и во НАТО на Република С. Македонија. Ги споделивме своите размислувања, идеи и конкретни чекори кои сме ги презеле во правец на напредок на нашата татковина, се наведува во соопштението од Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ по средбата со Рикер.

Поврзани новости