Рикер ја прифати поканата на Османи и наскоро ќе ја посети Македонија

by fokus

На првиот работен ден како министер за надворешни работи, Бујар Османи оствари официјален телефонски разговор со Помошникот на Државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Филип Рикер, соопшти МНР.

Честитајќи му ја новата позиција на Османи, амбасадорот Рикер ја реафирмирал силната поддршка на САД за Република Северна Македонија, имплементирана преку стратешкото партнерство меѓу двете земји, како и преку нововоспоставеното партнерство во НАТО.

Дозволете да ја пренесам нашата огромна почит за вашата континуирана поддршка, со видливи резултати во создавањето на севкупниот напредок на земјата. Како стратешки партнери, САД можат да се потпрат на земјава како на искрен и лојален партнер на Балканот, особено во рамките на нашиот искрен придонес во решавање на регионалните прашања, истакнал Османи, посочувајќи ја Република Северна Македонија како еден вид „фронтранер“ во регионот, земја – пример за тоа како се затвораат отворените билатерални прашања.

Соговорниците се согласиле дека земјава треба да продолжи на патот на европските интеграции, особено во рамките на очекуваните старт на преговорите до крајот на оваа година.

-На крајот од разговорот, Османи го покани Помошникот на државниот секретар да ја посети земјата, што беше со задоволство прифатено од страна на амбасадорот Рикер, кој ја најави својата посета на земјава наскоро, информира МНР. 

Поврзани новости