Рикер: Без одложување, ЕУ да ја одржи првата меѓувладина конференција со Северна Македонија

by Fokus

Пристапувањето на Северна Македонија кон Европската Унија ќе ја зголеми стабилноста во Европа и затоа суштински елемент на американската политика е поддршката за нејзино пристапување во Унијата, кажа помошник-државниот секретар на САД, Филип Рикер на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев.

Рикер смета дека процесот на пристапување кон ЕУ ќе помогне да се положат темелите за попросперитетни и помирни времиња. Затоа им порача на земјите-членки на Унијата без одложување да ја одржат првата меѓувладина конференција како со Северна Македонија, така и со Албанија. Во спротивно, вели тој, се испраќа погрешен сигнал.

-Последните одлуки го поткопуваат кредибилитетот на ЕУ. Тоа испраќа погрешен сигнал и се зајакнувааат перцепциите во Западниот Балкан дека Европската Унија го напушта регионот. Јас не верувам во ова и затоа го поддржуваме почетокот на преговори за членство на Северна Македонија во Унијата и тоа многу јасно го изразивме во многу прилики, кажа Рикер.

Рикер смета дека Северна Македонија, треба да се гледа како стабилна земја, која е дел од најсилната воено-политичка алијанса.

-Северна Македонија на САД може да смета како на пријател, кажа Рикер.

Поврзани новости