Рибар им прикажувал порно клипови на малолетни деца

by Фокус

Струмичката полиција поднесе кривична пријава против К.К.(48) од село Муртино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикажување на порнографски материјал на дете“.

На 13.05.2018 година пријавениот, додека ловел риби на реката близу село Еднокуќево, се доближиле две малолетни деца, по што истиот од мобилниот телефон им покажувал видео клипови со порнографски содржини“, стои во билтенот на МВР.

Поврзани новости