Рецепт: Вафли

by Фокус

Вафли

Состојки за 12 парчиња

250 грама растителен маргарин
100 грама шеќер
50 грама шеќер во прав
1 кесичка ванилин шеќер
прстофат сол
500 грама брашно
2 лажички прашок за печиво
300 милилитри соја млеко
100 милилитри минерална вода

Приготвување:

Измешајте ги маргаринот, шеќерот, шеќерот во прав, ванилиниот шеќер и солта додека не се добие крем-смеса со миксер или со раце. Додадете ги брашното, прашокот за печиво, млекото од соја и минералната вода и направете мазно тесто за вафли. Тестото нека се крене во фрижидер 30 минути. Загрејте го тостерот за вафли и намачкајте со масло. Ставете 2-3 лажици тесто на средина на тостерот и испечете вкусни вафли.

Поврзани новости