Репортажа на „Фокус“: Додека надлежните креваат раменици, „Сивиот дом“се претвори во депонија и во дувло на стаорци, бездомници и на криминалци!

Децата со социјални проблеми од „Ранка Милановиќ“, кои секојдневно бегаа од домовите, просеа и беа злоставувани, ги нема веќе во големиот темен дом. Заминаа во мали групни домови, но таму пак има деца што живеат со своите родители како во депонија, во ѓубре, мизерија, смрдеа и зараза меѓу руинираните ѕидини. Сликата што ја затекнавме беше грда и стравична, а се чини дека во догледна иднина нема да се поправи, со оглед дека институциите играат пинг-понг со одговорноста околу овој дивонаселен објект

by fokus

Пишува: Фросина ФАКОВА СЕРАФИНОВИЌ

Од денеска, „сивиот дом“ на нашиот социјален систем замина во историјата, гордо изјави поранешната министерка за труд и социјална политика, Мила Царовска во 2019 година.

Децата од домот „Ранка Милановиќ“, кои беа сместувани во големите згради од далечната 1961 година, заминаа во мали групни домови.

Но, „сивиот дом“ сега стана „Дом за бесење“. Култниот филм на Емир Кустурица се „репризира“ на неколку километри од центарот на главниот град.

Додека огромни автомобили застануваат пред големиот маркет спроти домот за нивните сопственици да ги наполнат ќесите, десетици ромски семејства живеат во хуманитарна мизерија меѓу сивите ѕидини на поранешниот дом.

Во огромниот двор каде што има пет одделни згради, нѐ пречекаа група мажи, претежно Роми, кои како веќе да навикнале на новинарски екипи.

– Еве, видете, сликајте. Цело време доаѓаат сликаат, снимаат и пак ништо – ни рекоа тие.

Свежо им беше сеќавањето од пожарот што избувна во еден од објектите, па прво ни ја покажаа таа зграда. Дел од ѕидовите немаше, се гледаа само белите плочки од руинираните бањи.

Црно саѓе останало од тоа што горело. Подрумите беа полни со вода, а од еден хидрант непрекинато шприцаа млазови вода.

Во очи Нова година, пожарникарите успеаја да го изгаснат пожарот што го подметна еден од бездомниците. Во оваа зграда веќе не живее никој, во секој момент може да се распадне влажниот бетон.

Луѓето што живеат таму, ноншалантно го покажуваат хидрантот, не очекувајќи никој да дојде да го санира.

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

Поврзани новости