Реплек: Точката за отповикување на Надзорниот одбор ќе се спроведе на 22-ри април

by fokus

Реплек денеска во соопштение до медиумите објасни дека точно е дека акционерите не ја изгласале точката за одобрување на работата на надзорниот и управниот одбор, но точката за отповикување ќе биде на дневен ред на 22.04.2021.

-По повод годишното собрание на Реплек АД одржано на 08.04.2021, дезинформациите и погрешните толкувања кои кружат во јавноста, ве известуваме: Точно е дека акционерите не ја изгласаа точката за одобрување на работата на надзорниот и управниот одбор, но точката за отповикување и именување на нови членови на надзорниот одбор, ќе се спроведе на продолжената седница на собранието која ќе се одржи на 22.04.2021. До тогаш нормално ќе функционираат досегашниот управен и надзорен одбор, се вели во соопштението.

Поврзани новости