Реплек Фарм пушти во продажба ново посилно Каноил масло од коноп

by fokus

Реплек фарм деновиве го лансира својот најнов производ од палетата масла од канабис, кои се издаваат без рецепт. Станува збор за КАНОИЛ масло од коноп 10% CBD, кое содржи 1000 mg CBD (Cannabidiol), кое е со поголема јачина од претходните.

На овој нов производ му претходеа другите две јачини на масло од коноп: КАНОИЛ масло од коноп 5% CBD, кое содржи 500 mg CBD (Cannabidiol) и КАНОИЛ масло од коноп 7% CBD, кое содржи 700 mg CBD (Cannabidiol) во пакување од 10 ml.

– Многу важна предност на производите на Реплек фарм, во однос на производите кои може да се најдат нелегално на пазарот, е што маслените екстракти од коноп од КАНОИЛ линијата не содржат никакви органски растворувачи (нафта, петролетер, хексан, изопропанол… ниту етанол), бидејќи екстракцијата со јаглерод диоксид исклучува секаква потреба од органски растворувачи, велат од Реплек фарм.

КАНОИЛ 10% CBD маслото од коноп содржи 1000 mg CBD / 1 ml, што го прави делотворен при состојби со малигни заболувања, мултиплекс склероза, ХИВ и епилептични синдроми во детска возраст. Позитивни ефекти при употреба на КАНОИЛ CBD маслата од коноп се манифестираат и при состојби на стрес, анксиозност, нервоза, депресија, мускулни спазми, против гадење и повраќање, посебно за време на хемотерапија или зрачна терапија кај малигните заболувања, одржување на балансот на цревната флора; ублажување состојби на болка од различно потекло зарaди нивното изразено противвоспалително дејство.

 

 

Поврзани новости