„Рено“ излета од пат, возачот итно пренесен во болница

by Fokus

Доцна синоќа возило излетало од пат во крушевско, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според полицијата,  настанот се случил синоќа во 00.24 часот кога СВР Битола е пријавено дека на пат од с.Вашарејца и с.Бучин, во близина на крстосницата кај с.Свето Тодори, В.Б.(30) од с.Врбоец, крушевско, кој управувал патничко возило „рено меган“ со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото излетал од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил В.Б.

За случајот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Битола.

Поврзани новости