Ременски: ВМРО-ДПМНЕ да се извините за крвавите настани на 27 април

by Fokus 16:50
16:50

Пратеничката од СДСМ, Фросина Ташевска-Ременски побара од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, како што рече, наместо да се кријат за политичкото лицемерие, да се извинат за настаните од 27 април, кога беа нападнати пратеници на СДСМ и ДУИ.

– Она што денеска го правите е печат на вашето политичко лицемерие. Во најмала рака очекував пратениците на ВМРО -ДПМНЕ да се извинат за 27 април и за она што им се случи на нивните колеги. Доколку сакаат да бидат сфатени сериозно, требаше да го направат тоа и да ги уверат оние што ги слушаат. Политичко насилство кое го промовиравте ви остава црна дамка како пратеничка група – истакна Ременски.

- Advertisements -

Поврзани новости